Гробот на светулките
Гробот на светулките (火垂るの墓 , Hotaru no haka) е јапонска анимирана драма од 1988 година, по сценарио на Исао Такахата и анимација на Студио Гибли. Филмот е заснован на истоимениот полуавтобиографски роман на Акијуки Носака од 1967 година. Од страна на некои критичари филмот е определен како проти-воен филм, додека други критичари како и самиот режисер не се согласуваат со тоа мислење. Главните ликови се озвучени од Цутоми Тацуми, Ајано Шираиши, Јошико Шинохара и Акеми Јамагучи. Дејството се одвива кон крајот на Втората светска војна, откако заради бомбардирањето од страна на сојузниците над градот Кобе, брат и сестра остануваат сираци и се борат за опстанок.
„Гробот на светулките“ | |
---|---|
Податотека:Groblje svitaca.jpg | |
Режисер | Исао Такахата |
Продуцент | Тору Хара |
Сценарист | Исао Такахата |
Главни улоги | Цутомѕ Тацуми Ајано Шираиши Јошико Шинохара Акеми Јамагучи |
Музика | Мичио Мамија |
Кинематографија | Нобуо Којама |
Монтажа | Такеши Сејама |
Студио | Студио Гибли |
Дистрибутер | Тохо |
Премиера | април 16 1988 |
Времетраење | 89 минути[1] |
Земја | Јапонија |
Јазик | јапонски |
Гробот на светулките добива позитивни критики од страна на филмските критичари. Роџер Еберт од Chicago Sun-Times го смета филмот за еден од најдобрите и најмоќните воени филмови и во 2000 г. го вклучува на списокот на негови „одлични филмови“. Два играни филмови - преработки на Гробот на светулките се снимени: еден во 2005 и друг во 2008 година.
Приказна
уредиДуховите на момчето Сеита и неговата помала сестра Сецуко ни зборуваат за тоа како тие двајцата починале. Годината е 1945, а Јапонија почнува да ја губи битката во Втората светска војна. За време на бомбардирањето на градот Кобе умира мајката на четиринаесет годишниот Сеита и неговата помала сестра Сецуко. Децата остануваат без старетел, бидејќи нивниот татко се бори на брод во Тихиот Океан. За кратко време во својот дом ги прима нивната тетка, но не се грижи за нив и често им префрла дека се товар за неа и нејзиното семејство. Заради тоа двајцата се одлучуваат да го напиштат нејзиниот дом и да започнат самостоен живот во еден напуштен бункер. Но таа одлученост не трае долго. Гладот се искажува да биде нивен најголем проблем, а да најдат храна е речиси невозможно.
Филмот е заснован на вистинска приказна. За време на Втората светска војната, авторот на романот, Акијуки Носака, сам поминува низ истите тешкотии - гладува и ја губи својата сестра заради изгладнување.
Критики
уредиЛикови
уредиНастапуваат
уредиНаводи
уреди- ↑ „GRAVE OF THE FIREFLIES (12A)“. British Board of Film Classification. 2013-05-17. Посетено на 2013-05-17.