Грбот на Уганда се состои од штит и копје кои го претставуваат народот на Уганда во борба за својата земја. На штитот се наоѓаат брановите на езерото Викторија, сонце и тапани. Штитот го придржуваат угандски блатен јарец (вид антилопа) и сив царски жерав. Под штитот има подножен појас со англискиот натпис For God and My Country („За Бога и мојата земја“).

Грб на Уганда
Подробно
МотоFor God and My Country („За Бога и мојата земја“)

Поврзано

уреди