Грбот на Тонга е официјалниот грб на оваа океанска држава. Грбот е поставен за официјален на Тонга во 1875 година.

Грб на Тонга
Подробно
Усвоен1875

Опис

уреди
 
Кралско знаме на Тонга.

Централен елемент на грбот е штитот со златни рабови. Штитот е поделен на четири полиња во златна, црвена, сина и златна боја. Во горниот златен лев дел има три ѕвезди кои ги претставуваат трите главни острови Тонгатапу, Вавау и Хапај. До него е црвеното поле на кое има приказ на кралска круна која го симболизира кралот и монархијата. Долниот лев син дел има приказ на бел гулаб во лет со маслиново гранче во клинот и тие симболизираат мир, единство и Христијанство. Последниот златен дел има приказ на три вкрстени меча кои ги симболизираат трите кралски семејства на Тонга. Во центарот има бела ѕвезда со шест краци и во неа црвениот крст од знамето на Тонга. Под штитот има бела лента со националното мото на тонгански јазик Ko e ʻOtua mo Tonga ko hoku Tofiʻa или на македонски Господ и Тонга се мое наследство. Над грбот има венец со кралската круна, а позади штитот две знамиња на Тонга.[1] Денес не постои јасно дефиниран изглед на грбот и постојат разлики во дизајн во зависност од извор до извор.

Наводи

уреди
  1. Karl-Heinz Hesmer: Flags of the world. History and symbolism of the flag and coat of arms of all countries . Gütersloh: Bertelsmann Lexikon Verlag, 1992. ISBN 3-570-01082-1

Поврзано

уреди