Грабовица (езеро)
Езерото Грабовица или хидроакумилација Грабовица се наоѓа во Босна и Херцеговина. Формирано е во 1982 година за потребите на истоимената хидроелектрана. Почетокот на акумулацијата се наоѓа кај Јабланица и се протега кон Мостар. Должината на езерото изнесува околу 12 km а површината изнесува околу 130 ha. Максималната длабочина на езерото е околу 34 m, додека пак осцилациите на водата 4 метри.[1]
Наводи
уреди- ↑ Bistro BiH — Jezero Grabovica (бошњачки)