Гојко Пиетловиќ
Гојко Пиетловиќ (7 август 1983) е српски ватерполист кој игра како голман за ВК Нови Белград и машката ватерполо репрезентација на Србија.
Тој бил избран за најдобар голман на ЕП 2014 година. Бил член на српските тимови кои освоиле златни олимписки медали во 2016 и 2020 година и бронзен медал на Олимпијадата во 2012 година. Светската титула ја имал во 2009 и 2015 година и европската титула во 2014, 2016 и 2018 година.
Трофеи
уредиКлуб
уреди- ВК Партизан
- Државно првенство на Србија: 2001–02, 2006–07, 2007–08
- Национален куп на Србија: 2001–02, 2006–07, 2007–08
- Катаро
- ЛЕН Cup : 2009–10
Приватен живот
уредиПиетловиќ е во брак со Ива, со која има ќерка и син.[1] Неговиот помлад брат Душко Пиетловиќ е уште еден истакнат српски ватерполист.[2]
Наводи
уреди- ↑ „SUPRUGA GOJKA PIJETLOVIĆA: Klinci su vrištali od sreće!“. kurir.rs (српски). 29 July 2018. Посетено на 13 August 2021.
- ↑ „Gojko i Duško Pijetlović: Porodica nam je mirna i inspirativna luka“. hellomagazin.rs (српски). 4 October 2016. Посетено на 13 August 2021.
Надворешни врски