Голем крвоток
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Големиот Крвоток е кружно движење на крвта од левата комора на срцето,преку аортата, другите помали артерии, крвните капилари и вените до десната преткомора.
Бидејќи во левата страна на срцето има оксидирана крв, таа преку комората т.е. преку артеријата аорта излегува, оди до сите органи и ткива и преку вената во десната предкомора се враќа редуцирана крв.
Аортата по излезот од левата комора лачно свиткува надолу, а потоа од неа се одвојуваат помали артерии што носат крв кон главата и во рацете.Оттука покрај ’рбетот аортата продолжува надолу разгранувајќи се на артерии што носат крв во внатрешните органи и во нозете.Сите овие артерии на крај се разгрануваат на капилари преку кои се донесува кислород и хранливи материи на ткивата и клетките.Откако ќе се изврши размена на материите, од капиларите редуцираната крв се собира преку вените.Од главата и горниот дел на телото сите вени се собираат во горната празна вена.Од долниот дел на телото, од нозете и внатрешните органи сите вени се собираат во долната празна вена.Горната и долната празна вена се влеваат во десната преткомора.Така крвта го поминува долгиот пат на големиот крвоток.Потоа започнува повторно малиот крвоток