Големоглава ајкула
Големоглава ајкула (Hexanchus griseus) — вид на ајкула.
Оваа ајкула понекогаш нуркачите ја забележуваат ноќе во плитка вода, но таа многу почесто престојува на каменливи подморски мали брегови и на средноокеански гребени. Нејзиното тешко, силно тело има една грбна перка, голема уста обрабена со чешлести заби и шест прорези за жабри. Нејзините перки не се крути како кај повеќето ајкули, туку се меки и се виткаат. Рибите, ражите, лигните и без'рбетниците што живеат на морското дно се типичен плен за оваа ајкула, иако веќе возрасните единки понекогаш ловат фоки и китови.