Голема ќелава пуфка
Голема ќелава пуфка | |
---|---|
Млада голема ќелава пуфка со предмет за споредба | |
Научна класификација | |
Царство: | Fungi |
Колено: | Basidiomycota |
Класа: | Agaricomycetes |
Ред: | Agaricales |
Семејство: | Lycoperdaceae |
Род: | Calvatia |
Вид: | C. gigantea |
Научен назив | |
Calvatia gigantea (Batsch ex Pers.) Lloyd |
Голема ќелава пуфка е јадлива сунѓереста габа. Се наоѓа на ливади, полиња и листопадни шуми кон крајот на летото и почетокот на есента. Ја има во Европа и Северна Америка, а ја има и во Македонија. Обично, растат од 10 до 70 cm во пречник, но може да достигне големина и до 150 cm во пречник и тежина до 20 кг.