Години на живот корегирани во однос на квалитетот
(Пренасочено од Години на здрав живот корегирани врз основа на квалитетот)
Години на живот корегирани во однос на квалитетот (QALY, од англиски: quality-adjusted life year) е мерка за здравствениот исход која може да се примени на сите лице и за сите болести, која во себе ги вклучува квалитетот и квантитетот на животот. Една QALY одговара на една година преживеана во совршено здравје. Смрт одговара на 0 QALY, а состојбите полоши од смрт може да имаат и негативна оценка. QALYs може да се користат за донесување на лични одлуки, евалуирање на програми, и поставување на приоритети за идни програми.