Глобален информативен систем

Информативните системи се сѐ повеќе развиени и за светскиот пазар. Оваа област може да се смета и за истражувачка дисциплина во доменот на информативните системи која има мноштво одредени предизвици. Предвид се земени типични прашања: Како да се изгради информациски систем за светскиот пазар? Дали треба да постојат стандардизирани или локализирани производи и услуги? Како да се организираат распределените работни процеси при работа на различни места? Како да се прилагодат/локализираат посебните систематски делови како што е прилагодувањето на кориснички интерфејси? Кои фактори (на пр. националната култура) влијаат на развојот/ прилагодувањето/ и распределувањето? Како да се овозможи делотворна комуникација и соработка? Овие прашања не се завршни но укажуваат на некои клучни поими во областа на истражувањето и спроведувањето.

Дефиниција :

Постојат различни дефиниции и разбирања за Глобалниот информативен систем (ГИС, ГЛИС):

- Глобален информативен систем (ГЛИС) е информативен систем кој се развива или се користи во светски рамки

- Глобален информативен систем е секој информациски систем кој се обидува во одреден контекст да ги достави вкупните измерливи податоци од светски рамки.

Или поради нивната примена или поради процесот на развој, вообичаено за оваа класа информативни системи е тоа што контекстот е глобалната средина. Тоа значи дека контекстот во голема мера се однесува на дистрибуираните системи/дистрибуираното пресметување каде што дистрибуирањето е глобално. Посебен аспект на глобалните информативни системи е доменот на глобално усовршување на софтвер, неговото плаќање и преместување. А главни аспекти кои се истражуваат во оваа област се усогласување и соработка меѓу виртуелни тимови. Други важни аспекти се интернационализацијата и локализацијата на јазикот на составните делови на системот.

Задачи при создавањето на Глобалните Информатички системи

Потешки задачи при создавањето на Глобалните информатички системи се:

  • Модел на систем за обработка: како се групираат процесите на определени вршители, како се распределуваат/интегрираат
  • Техничка градба: Што е тоа кај техничката градба што ја овозможува соработката меѓу учесниците
  • Механизми за поддршка: Како се поддржани учесниците во процесот на размена на информации, соработка и помош?

Можат да се најдат различни примери - во основа секоја повеќејазично мрежно место може да се смета за глобален информативен систем. Меѓутоа ГЛИС најчесто е познат како посебен систем којшто се развива и користи во светски рамки.

Примери

Конкретни примери се: