Глифлозин
Глифлозините или SGLT2 инхибитори се класа на лекови кои ја инхибираат реапсорпцијата на гликоза во бубрезите и со тоа го намалуваат нејзиното ниво во крвта. Тие делуваат преку инхибирање на натриум-гликоза транспортна белковина 2 (SGLT2). SGLT2 инхибиторите се користат во третманот на дијабетес мелитус тип 2. Покрај регулирањето на нивото на гликоза, глифлозините обезбедуваат значителен кардиоваскуларна придобивка кај пациентите со ДМ тип 2. Неколку лекови од оваа класа се одобрени за употреба или се во фаза на развој.