Глирариум
Глирариум е сад од теракота што се користи за фаќање на Полв (глушец). Овие животни се сметале за деликатес во етрурскиот период, а подоцна и во Римската империја.[1][2]
Опис
уредиГлирариумот се состоел од сад, обично од теракота, кој бил продупчен за да се овозможи струење на воздухот. Садот бил исполиран одвнатре за да се спречи бегство и имал капак за затворање на горниот дел. Внатре имал две или повеќе полици поставени на ѕидовите на садот и дополнителни дупки на дното на садот, генерално побројни од оние на страните.[2] Со поттикнување на хибернација преку темнина и затворање, глириумот предизвикувал здебелување на глушецот.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Thayer, William P. (17 June 2011). „Glirarium (translation of Daremberg & Saglio's, Dictionnaire des antiquités grecques et romaines, Librairie Hachette et Cie., Paris, 1877‑1919.)“. LacusCurtius. Посетено на 15 November 2015.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Martin, James (11 April 2011). „Pots for the Gourmet Who Has Everything (Else)“. Wandering Italy (blog). Посетено на 15 November 2015.