Кон крајот на својот живот, Винсент Ван Гог започнал да ги истражува портретите. Пред да биде подготвен да му седат пријатели и семејство, неговите извори-лица биле анонимни како портретот „Глава на девојче. Овој портрет, како и оној прикажан во „Зуавот“, го испратил во писмо до неговиот пријател - австралискиот сликар Џон Расел.

„Глава на девојче“ на Винсент ван Гог

Ван Гог бил заинтересиран да создаде студии за ликови на вистински, не идеализирани луѓе, имитирајќи ги Оноре Домие и големите холандски мајстори. Во овој портрет тој го демонстрира ова „во неговото замислено украсување на облеката и непослушната коса на уличното дете“. Во своите писма, ван Гог исто така ја обелоденува својата презир кон таквите лица нарекувајќи го девојчето „валкано клошарче“.

Оваа слика е дел од Танхаузеровата збирка во Музејот Гугенхајм во Њујорк.[1]

Наводи

уреди
  1. From van Gogh to Picasso, from Kandinsky to Pollock: masterpieces of modern art: Solomon R. Guggenheim Museum, New York, Thannhauser Collection: by Krens, Thomas; Celant, Germano; Dennison, Lisa. -- Solomon R. Guggenheim Museum; Palazzo Grassi N6487.N4 S6385 1990 c.2