Генско семејство
Генско семејство — група на ДНК-сегменти кои еволуирале од заеднички предок-сегмент од ДНК кој претрпел дупликација и дивергенција. Тие се збир од повеќе ДНК сегменти кои еволуирале од еден заеднички ДНК сегмент кој се копирал и изменувал во текот на милиони години.
Членовите на една генско семејство можат да вклучуваат изразени гени како и неизразени низи (промотори, оператори, транспозабилни генетски елементи, како и псевдогени, што претставуваат гени кои повеќе не се функционално изразливи).