Геледе — спектакл на Јоруба, јавно прикажување со шарени маски кои комбинираат уметност и ритуален танц со цел да се забавуваат, едуцираат и инспирираат обожавање.[1] Геледе ги слави „Мајките“, група која вклучува женски предци и божества, како и постари жени од заедницата, но и моќта и духовниот капацитет што овие жени ги имаат во општеството.[1][2][3] Се Фокусираат не само на плодноста и мајчинството, туку и на правилното социјално однесување во јорупското општество.[1]

Геледе маска од народот на Јоруба од Нигерија. Се наоѓа во Музејот на уметност во Бирмингем
Геледе маска за тело
Маска Геледе, Афро-Бразилски музеј, Саун Пауло

Геледе во контекст на верувањето кај народот Јоруба

уреди

Социјалната агенда на Геледе била основана на јорупската максима Eso l'aye (Светот е кревок). Со други зборови, животот е деликатен и треба да се живее со претпазливост и со акцент на дипломатијата, обѕирноста, почитта и хармонијата.[1]

Потекло на Геледе

уреди

Постоеле две главни школи за потеклото на Геледе, историската и митолошката. Историското потекло е поврзано со три можни места, Стариот Ојо, Кету и Илоби. Кету е една од најстарите и најразработените изведби на Геледе, таа има приказна за потеклото на кралот кој умира и неговите два сина близнаци кои се борат за престолот. Едниот брат, откако дознал дека нема да го добие престолот, смислил план да го убие својот близнак. Кога братот го сфатил планот, смислил контра план кој вклучувал создавање маска и импровизирана личност како измама. Митолошкото потекло е директно поврзано со Ија Нла, или Големата Мајка и нејзината поврзаност со мајчинството и близнаците.[1]

Повеќето јорупски митови за потеклото може да се најдат во раскажувањата за гатање познати како Оду Ифа. Има приближно 256 Оду Ифа, од кои секоја содржи голем број песни наречени есе Ифа. Типична есе Ифа е приказна за личност или животно со проблем и начините за решавање на тој проблем. Есе Ифа го објаснува потеклото на Геледе како почеток со Јемоја, „Мајката на сите ориса и сите живи суштества“. Јемоја не можела да има деца и се консултирала со пророштвото на Ифа, кое ја советувало да принесува жртви и да танцува со дрвени слики на главата и метални алики на нозете. Откако го извршила овој ритуал, таа забременила. Нејзиното прво дете било момче, со прекар „Ефе“ (хумористот); маската Ефе ја нагласува песната и шегите поради личноста на нејзиниот истоименик. Второто дете на Јемоја било девојче, наречено „Геледе“ бидејќи била дебела како нејзината мајка. Исто како и нејзината мајка, Геледе сакала да танцува.

Откако се венчале, ниту Геледе ниту партнерот на Ефе не можеле да имаат деца. Ифа им предложил да го испробаат истиот ритуал што го кажал на нивната мајка. Веднаш штом Ефе и Геледе ги изведувале овие ритуали - танцувајќи со дрвени слики на главите и метални алки на нозете - тие почнувале да имаат деца. Овие ритуали се развиле во танцот со маски на Геледе кој бил овековечен од потомците на Ефе и Геледе.[1]

Овоа е една од многуте приказни што го објаснуваат потеклото на Геледе. Друга теорија вели дека почетокот на Геледе може да биде поврзан со промената од матријархално во патријархално општество.[1]

Здружение Геледе

уреди

Фестивалот Геледе промовира социјална хармонија, поради што и мажите и жените се вклучени во општеството. Со својата поврзаност со Ија Нла, или Големата Мајка, општеството Геледе има голем број женски членови. Ова е делумно поради неговата поврзаност со мајчинството и мајките, но и поради верувањето дека учеството во ова општество помага во плодноста на жената. Учеството на мажите во изведбите за маскирање е слично поврзано, бидејќи учеството во претставите исто така може да ја зголеми плодноста. Иако мажите не се толку загрижени за ова прашање како што се жените се должи на природата на јорупското општество и улогите на жените во него.[1]

За да може да ги изведува различните настани во рамките на фестивалот Геледе, здружението Геледе назначува службеници, групи и професионалци кои ќе ги надгледуваат различните аспекти во општеството. Иако имињата на овие различни групи и луѓе варираат од заедница до заедница, следниве се најчести:

Ијаласе, главната свештеничка, што значи „мајка на светилиштето“[1] е шеф на ова здружение Геледе. Таа е главната личност за комуникација помеѓу Ија Нла, заедницата и општеството Геледе. Главната функција на Ијаласе, надвор од точката на комуникација, е да биде задолжена за светилиштето Геледе, Асе, каде што е единствената нејзе ѝ е дозволено да влезе.

Бабаласе, главниот свештеник, што значи „татко на светилиштето“[1] е машки еквивалент на Ијаласе. Неговата главна функција во здружението Геледе е организација на настаните за фестивалот Геледе. Во согласност со тоа што е организатор на настаните во Геледе, тој е официјален чувар на костимите и носиите на Геледе. Бабаласе е, во најопшта смисла, помошник на Ијаласе, каде што ќе биде назначен само со одобрение на Ија Нла и моќните мајки.

Абор, или машкиот свештеник, е постар машки службеник кој им помагал на луѓето кои барале услуги од аје за нивните ритуали. Во некои заедници оваа позиција е наследна и бара огромно количество знаење за ритуалите и обожавањето во јорупското општество.

Елефе, или хумористот, е човекот кој ја носи маската на Ефе за фестивалот Геледе. Негова работа е да се моли за благосостојбата на заедницата и да промовира не-асоцијални однесувања, а истовремено да биде и гласот на заедницата. Кажувањето и правењето работи кои надвор од оваа индивидуа би било општествено неприфатливо. Обично игра од средовечен маж или постар, од суштинско значење е тој да има познавања од усната литература на заедницата,

Геледе спектакл

уреди

Фестивалот започнувал со целовечер концерт наречен ефе, на кој е претставена машката маска Ефе, која ја користи сатирата за забава и едукација. Со оглед на грижата на општеството Геледе за мир и социјална стабилност, не е чудно што дидактичките теми се повторуваат во ефе песните.

Геледе маски

уреди

Геледе маските се носат со костим кој се состоел од слоеви елаборирана, шарена ткаенина.

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Lawal, Babatunde (1996). The Gèlèdé spectacle : art, gender, and social harmony in an African culture. Seattle: University of Washington press. ISBN 978-0-295-97599-3.
  2. Siegmann, William C.; Adande, Joseph; Dumouchelle, Kevin D. (2009). African art a century at the Brooklyn Museum. Brooklyn, NY: Brooklyn Museum. ISBN 978-3791343211.
  3. Washington, Teresa N. (2014). The Architects of Existence: Aje in Yoruba Cosmology, Ontology, and Orature. Oya's Tornado. стр. 196–199. ISBN 9780991073016.