Гајзињкалнс
рид во Латвија
Гајзињкалнс (латвиски: Gaiziņkalns) или Гајзињш (Gaiziņš) — рид во Латвија и највисока точка во земјата со висина од 312 м[1]. Сместен е на Виѕемското Возвишение, недалеку на запад од гратчето Мадона во средишниот дел на областа Виѕеме.
Гајзињкалнс | |
---|---|
Gaiziņkalns | |
Јарбол со реплика на разурнатата кула | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 312 м |
Координати | 56°52′12.93″N 25°57′33.68″E / 56.8702583° СГШ; 25.9593556° ИГД |
Географија | |
Место | жупа Берзауне, општина Мадона, Латвија |
Иако не е многу висок, на ридот е направено скијалиште со три патеки и неколку ноќевалишта.[2] На Гајзињкалнс е подигната кула со цел ридот да биде повисок од Сур Мунамеги — највисока точка во соседна Естонија (318 м). Кулата уште недовршена станала популарна знаменитост, но набргу била затворена од безбедносни причини. Разурната е во декември 2012 г. и остатоците се отстранети. Во близина има повеќејазична табла, но самиот врв нема обележувач.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Gaiziņkalna augstuma precizēšana Архивирано на 24 ноември 2016. Latvijas Ģeotelpiskās informācijas aģentūra
- ↑ Madonas novads. „Golgata Recreation Center (Gaiziņkalns)“. Посетено на 12 април 2014.
Надворешни врски
уреди- Гајзињкалнс на Ризницата ?
- Гајзињкалнс на Латвискиот туристички портал (англиски)