Ганглиозид
Ганглиозид е молекула изградена од гликосфинголипид (церамид и олигосахарид) со една или повеќе молекули на сијалинска киселина (на пр. n-ацетилневраминска киселина, NANA) поврзана за шеќерниот ланец.
Името ганглиозид првпат било применето од странан на германскиот научник Ернст Кленк во 1942 година. Познати се повеќе од 60 ганглиозиди, кои се разликуваат по положбата и бројот на NANA резидуите.