Вучко е името на официјалната маскота на XIV Зимски олимписки игри, кои се одржале во Сараево во 1984 година.

Волкот „Вучко“ бил официјална маскота на Зимските олимписки игри во Сараево во 1984 година

Изборот на маскота на игрите бил објавен во дневните весници, а читателите биле замолени да одберат една од шесте маскоти, кои биле предложени. Победник била маскотата „Вучко“, којашто всушност претставува мал волк, а чиј дизајнер бил словенечкиот цртач Јоже Тробец. Вучко ја симболизирал желбата за спријателување на луѓето соживотните. Според МОК, Вучко помогнал да се смени мислењето за волкот како страшно и месојадно животно.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди