Барва (вулкан)
Барва – комплекс од андезитски стратовулкани во Костарика, 22 km северно од Сан Хосе во провинцијата Хередија. На источната страна на планината во вулканскиот кратер е формирано езеро наречено Лагуна де Барва, а на западната страна на врвот има три брда кои се наречени Трите Марии (Las Tres Marías).[1]
Барва | |
---|---|
Трите Марии Las Tres Marías | |
Лагуната Барва, едно од трите кратерски езера на вулканот | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.906 м [1] |
Координати | 10°08′06″N 84°06′00″W / 10.13500° СГШ; 84.10000° ЗГД [1] |
Друго име | Трите Марии Las Tres Marías |
Географија | |
Место | Хередија, Костарика |
Матичен венец | Централни Кордиљери |
Геологија | |
Вид | сложен |
Последен избув | 6050 п.н.е. ± 1000 години[1] |
Барва има неколку избувни центри на нејзиниот врв и дост паразитски конуси на боковите. Нејзините три главни врва кои се гледаат од централната долина ѝ го дале локалното име Las Tres Marías.
Четири пирокластични конуси се наоѓаат во калдерата со димензии 2 x 3 км во централниот и северозападниот дел од врвот. Југозападниот врв има четири конуси од кои еден има кратерско езеро.[1]
Последен потврдена еруптивна активност на вулканот Барва датира од пред 8.050 години. Имало тврдење за избуви во 1760-тите и во 1867 година, но истражувањата на локацијата не пронашле докази за потврда на овие тврдења.[1]