Во Пирина, по планина
„Во Пирина, по планина“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор. Песната е посветена на некојси комита кој лежел ранет на Пирин Планина и жалел за неговите убиени другари соборци. Песната исто така говори за тоа како смртно болниот слушнал славеј кој пеел тажна песна, и го пратил да отиде до мајката на комитата и до неговите живи соборци да им каже за неговата состојба и да се борат за слобода. Песната има ајдутски карактер.
„Во Пирина, по планина“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 4:14 (Костадин Гугов) |
Композитор(и) | непознат, со разни современи аранжмани |
Текст
уредиВо Пирина, во планина ранет јунак лежи,
болен лежи, тага памти за мили другари,
дека се тешко предадени од клети душмани.
Лежи јунак, тага памти, сè го луто боли,
над глава му славеј пиле тажна песна пее.
Проговара ранет јунак на славеј пиле:
- Не пеј пиле тажна песна, отиди до дома
дај кажи, славеј пиле, на мојта мајка
дека лежам, славеј пиле, ранет ќе умрам.
Да им кажиш, славеј пиле, на мојте другари,
дење и ноќе да се борат за мила слобода,
да се борат дење и ноќе против клети душмани.
Надворешни врски
уреди- Во Пирина, по планина (текст и музика) на pesna.org Архивирано на 11 октомври 2020 г.