Висок Кенигсбург фсе наоѓа во Оршлејлер, Алзас , Франција . Се наоѓа на стратешка локација во планините на Вогези над рамнината Алза . Се користеше како тврдина од средниот век до Триесетгодишната војна, по што беше напуштена. Реставриран на почетокот на 20 век. век по наредбата на германскиот цар Вилхелм .Денес замокот е туристичка атракција.[1]

Поглед на главната кула

Замокот на оваа локација беше првпат споменат во 1147 година. До почетокот на 13 век бил сопственост на семејството Хоенштафен. Во триесетгодишната војна замокот бил запален од страна на Швеѓаните по педесетгодишна опсада. За неколку стотици години, замокот бил напуштен и обраспан со шуми.

Во 1899 година, градот Зелештат ја дал оваа локација на императорот Вилхелм. Царот сакал да создаде замок за себе што би го симболизирал средниот век и долговечноста на германската култура, како и да ги засили врските меѓу Алзас и Германија. Проектот менаџер за реставрација беше Бодо Ебарт . Работите траеле од 1900 до 1908 година. Ебард се обидел да се потпре на историските извори во реконструкцијата, но понекогаш морал да импровизира. Самиот цар дадел некои предлози.

По Првата светска војна, замокот бил конфискуван од француската држава. Од 1962 година Висок Кенигсбург е национален историски споменик.

Наводи

уреди
  1. Fuhcs, Monique; Metz, Bernhard (2001). Le Château du Haut Kœnigsbourg. Paris: Centre des monuments nationaux : Éditions du patrimoine.

Литература

уреди
  • Fuhcs, Monique; Metz, Bernhard (2001). Le Château du Haut Kœnigsbourg. Paris: Centre des monuments nationaux : Éditions du patrimoine. Fuhcs, Monique; Metz, Bernhard (2001). Le Château du Haut Kœnigsbourg. Paris: Centre des monuments nationaux : Éditions du patrimoine. Fuhcs, Monique; Metz, Bernhard (2001). Le Château du Haut Kœnigsbourg. Paris: Centre des monuments nationaux : Éditions du patrimoine.

Надворешни врски

уреди