Виртуелен приватен опслужувач
Виртуелен приватен опслужувач (VPS) е една од многуте Виртуелни машини кои работат на еден компјутер. Обично тие ги користат вдомувачите. Иако VPS стартува софтвер на ист физички компјутер како и другите кориснички виртуелни машини, тој е во многу аспекти на иста функционалност како посебен физички компјутер. VPS е посветен на поединечните потреби на клиентите, има приватност на одвоен физички компјутер и може да биде конфигуриран да стартува опслужувачки софтвер.
Виртуелизација
уредиКонцептот на виртуелниот опслужувач е специфичен пример на истиот концепт кој го предводи развојот на Time-Sharing (делење време) и мултипрограмирање. Општо земено, клиент-корисниците најстојуваат да бараат компјутерски ресурси од моменталната мода, барајќи што побрзо одговори на побарувањата, со тоа што поминуваат многу време без никакви активности додека ги испитуваат резултатите. Во текот на овој неактивен период, компјутерските ресурси можат да бидат искористени да пребаруваат и други клиенти. Овој модел придонесува за ефикасно користење на компјутерските ресурси, намалувајќи го времето на неактивниот систем, без оглед на корисничките навики. Исто така им дозволува на корисниците да делат ресурси, притоа чувајќи ги фајловите во тврд диск или да користат печатач. Виртуелизацијата го проширува основниот концепт на компјутерот како целина. Во традиционалниот модел, оперативниот систем дозволува пристап на ресурсите, а сепак има само една машина која се дели. Во виртуелниот опслужувачки модел, наместо тоа, виртуелниот софтвер создава илузија повеќе од еден компјутер, хардиск, печатач итн. Иако ресурсите се делени, како и кај Time-Sharing моделот, вритуелизацијата обезбедува повисоко ниво на сигурност како и кај поединечниот виртуелен опслужувач притоа изолирани еден од друг. Секој виртуелен опслужувач може да покрене свој потполно развиен оперативен систем и може да се рестартира независно. Ова е важно, бидејќи дозволува разни операции извршувајќи со помош на постоечката апликација на старите верзии на оперативните системи, на истиот опслужувач како и новите апликации.
Вдомување
уредиБројот на компании кои нудат виртуелни приватни опслужувач вдомување, или виртуелен наменски опслужувач вдомување, како продолжување за вдомување услуги, е во пораст. Постојат неколку прашања што треба да се разгледаат кога се лиценцира заштитен софтвер во мулти-комерцијална виртуелна средина.
Вдомување без управување е препуштен на корисникот за сам да го одржува својот опслужувач.
Вдомување без мерења на протокот генерално нуди неограничен број на податоци да бидат преносни линии на фиксен опсег. Вообичаено, тој нуди вдомување брзина од 10 Mbit/s, 100 Mbit/s или 1000 Mbit/s (дури и до 10 Gbit/s). Ова значи дека корисникот теоретски може да се користи 3,33~ ТБ на 10 Mbit/s, 33~ ТБ на 100 Mbit/s и 333~ ТБ на 1000 Mbit/s податоци месечно (иако во практиката овие вредности се многу помали).
Облак опслужувач (Cloud Server)
уредиVPS е динамичен (иако, тоа може да се промени во текот на траење), често се нарекува како облак опслужувач. Клучните аргументи за ова се:
- дополнителни хардверски ресурси може да се додаде во текот на извршувањето (CPU, RAM).
- опслужувачот може да се пресели во други хардвер додека е активен.
Понекогаш се нарекува виртуелен наменски опслужувач.