Винг-чун

боречка вештина
(Пренасочено од Винг Чун)

Винг-чун е една од најмладите боречки вештини што излегла од Шаолин манастирот (домот на сите боречки вештини), но во исто враме таа е најдобра вештина која претставува синтеза од сите дотогаш познати кунг-фу вештини. Целта на создавање на оваа вештина било да се создаде систем кој ќе обединува сè што е потребно да се создаде ултимативен борец. Борец кој без разлика на своите физички предиспозиции ќе може да одговори на секаков предизвик, да се спротивстави на било која друга боречка вештина и да ја победи, рокот на нејзиното усовршување да се намали на најкраток можен преку употреба на уникатни методи на тренинг.

Дрвена кукла за вежбање винг-чун

Како резултат на ова е создадена техника која се заснова на рамнотежа и балас на ставот, истовремена работа со двете раце, централна линија, спојување-координирање на работата со двете раце со нозете, развивање на внатрешната енергија ``чи`` преку посебни методи и вежби ``Чи-кунг``, економичност во движењата што обезбедува на зачувување на сопствената енергија, не давање на отпор на силата на противникот т.е. никогасш не се практикува борење со силата на противникот туку нејзино искористување преку канализирање и пропуштање со што се искористува силата на противникот против него, вкрстени раце принцип на зробување на рацете на противникот и нивна контрола, темна страна т.е. напад од страна која обезбедува изолирање на едната рака на противникот со што вие добивате предност во тоа што со свои две раце се борите проти една на противникот, пет посебни фази на борба и посебни дејствија кои се практикуваат во нив за успешно совладување на противникот.[1][2]

Винг Чун има развиено техники на борба од стоечки став така на борба на и од земја. Во оваа вештина се користат удирачки техники од најразличен каракте и се употребуваат сите делови на телотокако на пр. раце, тупаници, прсти, лакти; нозе, стапало, пета, прсти, колено; глава. Мета на овие ударци се посебни делови од телото кои се витални за неговото функционирање. Бидејќи ова е боречка вештина а не спорт и е создадена за борба се користат удари кои можат да доведат до сериозни последици како на пр. фрактури, преломи, привремена парализа, и во крајна истанца смрт на противникот. Се користат зафати популарно наречени ``полуги``, гушења-давења, техники на кршење на екстремитетите и вратот.

Винг Чун ги има разработено сите аспекти и фази на борбата. Може да се употребува за самоодбрана како и офанзивно за напад. Вештината претставува систем на знаења кој се состои не само од борба туку и од хумани секојдневни здравствени техники кои го одрзуваат телото и духот во здрава-исправна состојба. Така се применува јогата, медитацијата, акупресура, кинеска традиционална медицина и продготовка на препарати на основа на билки и производи од природата. Нешто уникатно што се сретнува само во Винг Чунот е и меридијанката терапија.

Како резиме треба да се побра местото на винг чун кунг-гу денеска, во модерното општество и модерниот начин на живот. Преку оваа вештина се учи една животна филозофија начин на живот кој ќе ви подари многу благодети на физички, психички и емоционален план. Оваа вештина од вас нема да создаде борец кои преку физичкото насилство ќе ги остварува своите цели и ќе го упразнува својот живот. Туку личност која ќе биде во спокојство-рамнотежа самата во себе и со средината во која живее. Преку оваа вештина се осознава битието на живеењето и начин на живот во хармонија. Винг Чун во превод од кинески значи ``Вечна пролет`` или ``Вечна младост``[3][4] кој најубаво ја објаснува филозофијата на оваа вештина т.е. долг и среќен живот во хармонија преку техниките на оваа вештина.

Наводи

уреди
  1. „Rediscovering the Roots of Wing Chun“. Kung Fu Magazine. Посетено на 2010-02-06.
  2. „Integrative Wing Chun“. Kung Fu Magazine. Архивирано од изворникот на 2011-06-10. Посетено на 2010-02-06.
  3. Weng Chun Kung Fu
  4. Yong Chun White Crane Kung Fu