Винарија-Мал Св.Климент,Охрид

Винаријата Мал Св.Климент ја основа Будимир Соколовиќ и започнува со работа од 2010 година со локација во центарот на градот Охрид. Во 2016 г. Согласно законот за вино, извршена е регистрација како мал производител на вино со максимално дозволено годишно производство од 30.000 литри, што секако е доволно бидејќи годишното производство од 25.000 литри е во тие рамки. Во винаријата се произведува вино од локални и регионални вински сорти. Грозјето е од мали лозови насади од охридското виногорје. Насадите се мали, традиционални, за кои се грижи фамилијата Соколовиќ и локалните земјоделци од локалните села. Уникатната клима на охридскиот регион се одсликува и на карактерот на вината. Грозјето се бере рачно, со што се осигурува квалитетот на виното, а вината што се произведуваат се елегантни, направени со многу љубов и страст.

Производство и вински сорти на грозје

уреди

Ркацители - Една од најстарите живи сорти на грозје.Има повеќе од 4000 години. Потеклото е од Грузија. Во 50-те години е донесена во Македонија. Белото вино во главно се произведуваат од бели видови на грозје, иако тоа не мора да биде правило.

Амфора - уникатно розе вино од античката сорта Памид. Потекнува од 4 или 5 век П.н.е. е од Тракија, денешна Бугарија. Традиционално застапена во охридскиот регион. Амфората е произведена според најстарата позната метода од античко време, во глинени амфори од 500л вкопани во земја. Ферментацијата се одвива во самата амфора и сè додека трае ферментацијата неколкупати дневно се промешува комината. Виното одлежува уште 4 месеци заедно со комината така што зрната и лушпите паѓаат на дното на амфората на тој начин се прави и природна филтрација на виното. По 5 месеци виното се источува и флашира.

Вранец – Средоземна сорта која на тоа подрачје може да даде силен квалитет. Тоа е длабоко обоено ( вишна), како и со зачински и земјени ароми. Сувото црвено вино од сортата Вранец, е најраспространето на Балканот, а потеклото е од Црна Гора. Во Македонија е една од најзастапените црвени вински сорти.

Вранец Барик - Вино од сортата Вранец претставува засилено вино кое е зреено во дабови бочки кои се направени од македонски даб. Барикирање е процес во производство на вината во текот на кој виното одлежува во дрвени, исклучиво дабови садови, со благо спалена внатрешност, со волумен од 225 литри.Само таквите буриња, кои се дабови, благо спалени и 225 литарски се нарекуваат барик буриња.Во последните 20 години на XX век,барикирањето станува многу популарен метод низ светот. Виното одлежува во барик буриња со цел да созрее на одреден начин, а со тоа побрзо да му се стабилизира темнината и бојата и да добие одредена арома.Тоа се најчесто аромите на ванила, праска, чад, тутун, цимет и каранфилче, печен лешник, карамела итн.Најпознатите дабови барик буриња се произведуваат во Франција, Северна Америка и Славонија во Хрватска.

Охридско Куве - традиционална мешавина од шест вински сорти како доминатна сорта е памид, а има и 'pкaцители, смедеревка, вранец, прокупец и црн мускат.

Мускат-Мускат е всушност една цела фамилија на бели сорти кои заедно се одликуваат со силна и лесно препознатлива зачинска и цветна арома. Најпознати се Мускат отонел, Мускадет, Бел Мускат, Жолт Мускат...

Прокупец- Автохтона сорта од Жупа во Србија, долго погрешно користена само за купажа и добивање на евтини индустриски вина. Со внимателно одгледување (ограничен род) и со винификацијата може да даде врвно вино со овошен (слива, црно овошје) и зачинско-земјен карактер. Во последно време често се купажира со каберне и мерло.

Охридско Црно - Уникатно суво црвено вино од автохтоната сорта Охридско црно, која е застапена само во Охридско - преспанскиот регион.

Галерија

уреди