Вилијам Ормстон Бекхаус

 

Вилијам Ормстон Бакхаус (1885 - 1962) бил англиски земјоделец и генетичар и член на семејството Бакхаус од округот Дурам, од нив неколку генерации биле влијателни генетичари во развојот на хортикултурата.

Вилијам Ормстон Бекхаус
Роден(а)1885 година
Починал(а)1962 година
НационалностОбединето Кралство

Вилијам Ормстон Бекхаус работел во период од пет години во станицата за одгледување растенија во Кембриџ и Институтот Џон Инес, но ја напуштил Британија за да стане генетичар на аргентинската влада. Тој основал голем број станици за одгледување пченица во Аргентина, а потоа се преселил во Патагонија, каде што одгледувал свињи, одгледувал јаболка и друго овошје и започнал интензивно да се занимава со производство на мед.[1] Тој подоцна се вратил во Англија и одгледувал нарциси со црвени цветови во Сатон Корт.

Наводи

уреди
  1. „The Backhouse Family“. Durham County Local History Society. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2019-04-21.