Викторија Алексанјан

Викторија Алексанјан (родена 1987 година во Ереван, Ерменија) е ерменски филмски режисер и ко-основач на Независна заедница на филмски работници на Ерменија ЗНФР.[1] Алексанјан има напишано, режирано и продуцирано голем број кратки филмови.

Образование

уреди

Алексанјан магистрирала ликовни уметности по филм на Универзитетот Колумбија и економско новинарство на Руско-ерменскиот универзитет. Таа добила стипендија за пост-продукција од Филмакадемија Баден-Виртемберг.

Кариера

уреди

Алексанјан ја започнала својата кариера како новинар, работејќи во голем број културни списанија во Ерменија. По дипломирање на Руско-ерменскиот универзитет и магистерската диплома по новинарство, професионалниот пат на Алексанјан добил уметничка насока.[2] Се приклучила на проект за театар на отворено во Норвешка како блогер и изведувач и набргу потоа се преселила во Њујорк за да студира филм на Универзитетот Колумбија.

Во ноември 2018 година, Алексанјан имплементирала Лабораторија за учење филм за Тумо Центар за креативни технологии во Ѓумри и одржала едномесечна интензивна едукативна филмска работилница која резултирала со продукција на колаборативен краток филм, создаден од студентите на Тумо, наречен „Ѓумри, љубов моја.“

Таа служела и во Независниот филмски комитет за Националниот кино центар,[3] прегледувајќи и судејќи ги филмските проекти и сценаријата за Конкурсот за државно финансирање 2018 година.

Сега, Алексанјан е ко-основач, собирач на средства и член на одборот на ЗНФР, Независна заедница на филмски работници на Ерменија.[4]

Филмографија

уреди

Режисер

уреди
  • Божји човек 2016[5]
  • Негуватели 2014[6]

Продуцент

уреди
  • Не размислувај за тоа 2016 година[7]
  • Професорот: Таи Чи западно патување 2016 година[8]
  • Ризично пиење 2016 година[9]
  • Вистинскиот Американец 2015 година[10]
  • Крштевањето на Џошуа Коен 2014 година[11]
  • Скршена значка 2014 година[12]

Режисер на втора единица

уреди
  • Багаж 2016 година[13]
  • Дупката за црви на г-ѓа Небиле 2016[14]

Оддел за уметност

уреди
  • Горчливи шеснаесет 2014[15]

Награди и номинации

уреди

Номинација за најдобар филм на МФФ „Златна кајсија“ „Ерменска панорама“ 2014 година.

Награда за најдобар странски филм на филмскиот фестивал Сансет, Лос Анџелес во 2015.

Наводи

уреди
  1. „Golden Apricot“. www.gaiff.am. Архивирано од изворникот на 2019-09-23. Посетено на 2019-09-23.
  2. „Thick Dramatic Juice“. Creative Armenia (англиски). Посетено на 2019-09-02.
  3. „National Cinema Center of Armenia“. ncca.am. Посетено на 2019-09-23.
  4. „10 Women Ruling Armenia's Art Scene“. TheArtGorgeous (англиски). 2019-05-21. Посетено на 2019-09-02.
  5. „Man of God“. IMDb.
  6. „Caregivers“. IMDb.
  7. „Don't Think About It“. IMDb.
  8. „The Professor: Tai Chi's Journey West“. IMDb.
  9. „Risky Drinking“. IMDb.
  10. „The Real American“. IMDb.
  11. „The Baptizm Of Joshua Cohen“. IMDb.
  12. „Broken Badge“. IMDb.
  13. „Baggage“. IMDb.
  14. „Mrs. Nebile's Wormhole“. IMDb.
  15. „Bittersweet Sixteen“. IMDb.