Википедија:Солидарност со настраданите во невремето во северозападна Македонија на 6 август 2016 година

Помогнете на настраданите!
Помогнете на настраданите!

Википедија на македонски јазик се приклучува кон иницијативите за помош на настраданите во невремето кое го зафати Скопскиот и соседниот Полошки Регион на 6 август 2016 година, кое одзеде човечки животи и остави многу жители без домови, покуќнина и основни средства за живот.

Ги повикуваме читатели и уредници на солидарност со своите сограѓани и сонародници, настрадани во оваа природна катастрофа.

Како да помогнете? уреди

 
Донации по телефон
 
Донации на сметка

Црвениот крст на РМ ги укажува следниве места и начини за пружање на солидарна помош со настраданите.[1]

Парични донации уреди

  • по 100 денари со повик на телефоните: 143 400 и 075/070/077
  • Жиро-сметка на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

Во артикли уреди

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 08.00 до 18.00 ч. (контакт-тел. 3096227). Според Црвениот крст, најпотребни се следниве артикли:

 
Црвен крст - Скопје
  • конзервирана храна;
  • бебешка храна;
  • пелени;
  • вода за пиење;
  • средства за хигиена;
  • средства за дезинфекција;
  • лопати;
  • гумени чизми; и
  • кофи.

Што правиме ние? уреди

 
Споделено знаење
 
Велодарност

Дел од википедијанците кои се членови на Споделено знаење — македонскиот огранок на Фондацијата Викимедија — донесоа посебна одлука за пренамена на средства од својот буџет со цел снабдување со хуманитарна помош на жителите на поплавените подрачја, којашто ќе им биде пружена преку организирање на акција на велосипеди „Велодарност“ на 9 август 2016 г. со почеток во 17:00 ч. во организација на здружението „Единствена Македонија“.

Новостите за овие акции можете да ги проследите на #ВЕЛОДАРНОСТ.

Поважни врски уреди

  • Новости за состојбата и како да се помогне — Црвен крст - Скопје
  • „Апел за помош на поплавените подрачја“. Донации.
  • „Сите вести за катастрофата“. агрегат TIME.mk.

Наводи уреди

  1. „Поддршка за настраданите од поплавите“. Црвен крст - Скопје. 9 август 2016. Посетено на 9 август 2016.