Википедија:Макпортрет 2024

Погледајте ги освојувачите на награди и победничката фотографија на Макпортрет 2024!

Добре дојдовте на
Макпортрет 2024
фотографски натпревар за познати и истакнати лица
од Македонија
од 15 октомври до 15 ноември 2024 година

Макпортрет 2024фотографски натпревар Макпортрет организиран од страна на здружението на граѓани „Викимедија МКД“ (во периодот 2020 — 2022 година на „Споделено знаење“) со цел обезбедување слободни фотографии од познати и истакнати современи дејци од разни полиња на делување од Македонија.

Целта на натпреварот?

Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од познати македонски личности, односно граѓани на Македонија, сликани од непосредна близина, со цел тие понатаму да бидат користени од документарен и информативен карактер на Википедија.

Учесниците, односно натпреварувачите, како автори на фотографиите ќе треба да ги прикачуваат на Ризницата на Викимедија под слободна лиценца, за во иднина тие фотографии да бидат користени за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни проекти поврзани со Википедија.

Приказ на патот на една фотографија до Википедија, преку слободна лиценца на Ризницата
Награди!

Најуспешните учесници според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со ваучери од Pix+, и тоа:

  • Прва награда за бројност на фотографирани различни лица – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 400 евра;
  • Втора награда за бројност на фотографирани различни лица – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра;
  • Трета награда за бројност на фотографирани различни лица – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра;
  • Награда за највисоко оценета фотографија – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра.
Како да учествувам?
  1. Внимателно прочитајте ги правилата за учество и изгледајте го видео-упатството;
  2. Направете квалитетни фотографии од документарен карактер од лица кои се занимаваат во полето на културата, науката, уметноста, музиката, спортот, телевизијата, политиката, медицината и др., или доколку веќе имате постоечка фотографија од личноста/личностите, потоа прикачете ги на Ризницата со слободна лиценца преку образецот за прикачување слики. Не заборавајте да ја додадете предлошката (погледни во правилата);
  3. Пријавете се за учество, наведувајќи ги Вашите информации преку за пријавување;

Правила за учество на натпреварот

уреди
  1. Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник, или да ги има стекнато авторските права на фотографијата.
  2. Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество преку пополнување на образецот на оваа врска: Пријава за учество. Учесникот треба да го наведе своето име и презиме, корисничкото име на Commons, како и е-пошта и телефонски број за контакт.
  3. Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер.
  4. Фотографијата со личност од Македонија што се занимава со култура, наука, просвета, уметност, музика, спорт, телевизија, политика, медицина и други полиња, може да биде направена било каде, во и надвор од територијата на Македонија и во било кое време (пред или за време на натпреварот).
  5. Фотографијата мора да прикажува лице јасно фотографирано во анфас или профил од блиско растојание.
  6. Фотографијата треба јасно да го прикажува лицето. Се претпочита фотографија која го прикажува лицето односно субјектот, но не и други лица.
  7. Фотографиите треба да бидат во изворна големина (без компресија) и не треба да содржат дигитален жиг или да бидат во голема мера дигитално изменети.
  8. Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот: помеѓу 15 октомври 2024 во 00:00:00 часот и 15 ноември 2024 г. во 23:59:59 часот.
  9. Фотографиите мора да бидат подигнати на Заедничката ризница на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да поседува корисничка сметка на Википедија. (Отворање на корисничка сметка е можно да направите и на Википедија на македонски јазик при што со истата може да пристапите и на Заедничката Ризница)
  10. Фотографиите мора да ги пренесете на компјутер директно од апаратот со кој се сликани, за да се зачуваат таканаречените метаподатоци откако ќе бидат подигнати.
  11. Секоја подигната фотографија мора да биде прикачена под лиценца за слободна документација: Криејтив Комонс Наведи извор 4.0.
  12. Бројот на фотографии прикачени од еден автор е неограничен.
  13. Бројот на фотографии кои прикажуваат една личност е неограничен.
  14. Насловот на фотографијата мора да е на македонски јазик и на кирилица. Доколку имате повеќе фотографии од една личност именувајте ги насловите на следниот начин: а) Доколку фотографиите од личноста се од ист ден, фотографиите именувајте ги бројчано. Пример: Бобан Бабунски (01), Бобан Бабунски (02); б) Доколку фотографиите од личноста се од различни периоди, фотографиите именувајте ги со година или месец или датум. Пример: за различни години: Бобан Бабунски (2020), Бобан Бабунски (2021); за различни месеци во иста година: Бобан Бабунски (март 2024), Бобан Бабунски (јули 2024); за различни денови во ист месец: Бобан Бабунски (02.08.2024), Бобан Бабунски (15.08.2024); в) Именувањето може и да е комбинирано: Бобан Бабунски (2020) (01), Бобан Бабунски (2020) (02).
  15. Сликите мора да имаат опис (description), на македонски и англиски јазик, на она што е сликано (пр. името на личноста, неговата дејност, постигнувањето, каде или на кој настан била направена фотографијата.)
  16. Секоја подигната фотографија мора да биде категоризирана во Category:Images from MacPortrait 2024.
  17. Во полето Други информации/Other information мора да биде внесено {{Макпортрет 2024}}.
  18. Бодувањето за наградите за бројност ќе се врши преку броење колку различни личности (субјекти) закачил учесникот. Пример, доколку учесникот закачил пет слики од иста личност, ќе му се бодува како 1 бод.
  19. Минималниот услов за освојување награда за бројност се фотографии од 20 различни личности. Ова не важи за наградата за највисоко оценета фотографија.
  20. По прогласувањето на добитниците, истите ќе мораат да ни ги предадат личните податоци со цел да можеме да ги контактираме за наградата.

Контакт

уреди

Поврзано

уреди