Википедија:Уредување
(Пренасочено од Википедија:Вовед 3)
Искусните уредници на Википедија разбираат пред сè една работа: Википедија е соработка. Нема потреба да се грижите, бидејќи ја имате поддршката на цела заедница од истражувачи, прегледувачи и проверувачи на факти. Имајте ги на ум следниве три работи и ќе го развиете вистинскиот менталитет за делотворно уредување:
- Не треба да знаете сè за Википедија за да смените нешто на некоја статија. Википедија има многу страници од начела, упатства и информации за тоа како да се направи нешто. Ако направите нешто што не е целосно исправно, не грижете се, никој до сега не погодил од прва како нешто треба да се направи.
- Не треба да знаете сè за темата на статијата за да ја уредите. Ако додадете нешто што е конструктивно и 90 проценти точно, тогаш тоа е многу подобро отколку воопшто ништо да не направите. Како и во спортот, не мора да дадете гол со секоја игра за да бидете вреден придонесувач. Ако нешто не е сосема точно, тогаш некој друг најверојатно ќе дојде и ќе помогне со тоа што ќе го поправи или дополни.
- Можете да помогнете и без да уредувате. Ако видите проблем во некоја статија, но (сè уште) не знаете како да го поправите или не можете да ја уредите статијата (некои статии се заштитени од уредување за кратки периоди од неколку причини, како на пример, зачестен вандализам), тогаш можете да помогнете со тоа што ќе напишете конструктивен коментар на страницата за разговор на статијата. Ако не сакате или не можете директно да ја уредите статијата, пак можете да помогнете таа да се подобри.
Дали сте веќе заинтересирани да дадете свој придонес во збогатувањето на слободното знаење на македонски јазик преку овој проект? Тогаш:
- Препорачано е, пред сè, да продолжите со едноставниот почетен курс со кој набрзина ќе ги научите основите на уредувањето, вики-форматирањето, енциклопедискиот стил и искуството како Википедијанец;
- Разгледувајте ги веќе постоечките статии на овој проект, запознајте се со нивниот изглед, уредувајте ги и забележете го нивниот вики-код и поправете го она што може да се поправи. Бидете храбри во ажурирањето на страниците!
- Откако сте веќе запознаени со уредувањето и стилот, можеби сакате да напишете нова статија на одредена тема? Пред да го направите тоа, прочитајте ги Помош:Превод на статија и Википедија:Вашата прва статија.