Википедија:Викимедија СИЕ Пролет 2024

Лого на Викимедија СИЕ Пролет

Замисла уреди

Викимедија СИЕ Пролет 2024 (Wikimedia CEE Spring 2024) — натпревар кој ќе се одржува од 21 март до 31 мај во организација на викимедијанци и википедијанци од подрачјето на средна и источна Европа (СИЕ) со цел да се поттикне создавањето на статии за сите земји во регионот на секоја Википедија од истиот.

Замислата е учесниците од сите земји со здружени сили да да прошират информации за историјата, културата, обичаите и луѓето од секој дел на регионот со цел да се дојде до повисоко ниво на заемно признание и разбирање и да се зголеми количината и квалитетот на слободното знаење за регионот на глобално ниво.

Погледајте ја меѓународната страница на проектот.

На Википедија на македонски јазик уреди

Погледајте ги темите за секоја од земјите во регионот и пишувајте на било која од нив, за било која земја. Натпреварот на македонската Википедија ќе се одржува во периодот од 1 до 30 април 2024 година.

Натпревар уреди

Настанот ќе се одржи од 1 до 30 април, кога ќе се одржуваат поединечни натпревари за статии на секоја Википедија, задржувајќи се на што повеќе земји од регионот.

Цели уреди

Општите цели на натпреварот се во склад со начелните цели на Викимедииното движење за обезбедување добар број и квалитет на содржини, како и одржливост на соработката:

  1. Зголемување на бројот и квалитетот на содржините на поголем број проекти и јазици.
  2. Зголемување на учеството и заедниците на месно ниво, со привлечен меѓународен настан.
  3. Поддршка за понатамошни иницијативи за соработка меѓу уредниците во регионот.

Поврзано уреди