Википедија:Викимедија СИЕ Пролет 2020

Лого на Викимедија СИЕ Пролет

Замисла уреди

 
Викимедијанци од регионот на СИЕ на конференцијата на Викимедија во Берлин

Викимедија СИЕ Пролет 2020 (Wikimedia CEE Spring 2020) — натпревар кој ќе се одржува од 21 март до 31 мај во организација на викимедијанци и википедијанци од подрачјето на средна и источна Европа (СИЕ) со цел да се поттикне создавањето на статии за сите земји во регионот на секоја Википедија од истиот.

Замислата е учесниците од сите земји со здружени сили да да прошират информации за историјата, културата, обичаите и луѓето од секој дел на регионот со цел да се дојде до повисоко ниво на заемно признание и разбирање и да се зголеми количината и квалитетот на слободното знаење за регионот на глобално ниво.

Погледајте ја меѓународната страница на проектот.

На Википедија на македонски јазик уреди

Погледајте ги темите за секоја од земјите во регионот и пишувајте на било која од нив, за било која земја. Натпреварот на македонската Википедија ќе се одржува во периодот од 21 март до 20 април 2020 година.

Натпревар уреди

Настанот ќе се одржи од 21 март до 20 април, кога ќе се одржуваат поединечни натпревари за статии на секоја Википедија, задржувајќи се на што повеќе земји од регионот.

Цели уреди

Општите цели на натпреварот се во склад со начелните цели на Викимедииното движење за обезбедување добар број и квалитет на содржини, како и одржливост на соработката:

  1. Зголемување на бројот и квалитетот на содржините на поголем број проекти и јазици.
  2. Зголемување на учеството и заедниците на месно ниво, со привлечен меѓународен настан.
  3. Поддршка за понатамошни иницијативи за соработка меѓу уредниците во регионот.

Поврзано уреди