Википедија:Астрофото натпревар

Лого на Астрофотографија
Добре дојдовте на
Астрофото натпревар 2019
Македонија
Видеоупатство за прикачување слики на Ризницата

Астрофото натпревар — натпревар на фотографии организиран од здружението „Споделено Знаење“ огранок на Википедија/Викимедија во Македонија во соработка со „Скопското астрономско друштво" на теми од астрофотографија односно фотографии на астрономски тела и предмети во вселената.

Целта на натпреварот?

Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од астрономски тела, предмети, објекти, појави како и небесни настани во вселената, сликани на ноќното небо со главна цел тие да бидат и понатаму да се користат од документарен и информативен карактер. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Ризницата на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!

Приказ на патот на една фотографија до Википедија, преку слободна лиценца на Ризницата
Награди!

Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:

  • Прва награда – денарска противвредност во бруто-износ од 500 евра;
  • Втора награда – денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра;
  • Трета награда – денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра.
Како да учествувам?
  1. Внимателно прочитајте ги правилата за учество и изгледајте го видео-упатството;
  2. Направете квалитетни фотографии од документарен карактер од астрономски тела, предмети, објекти, појави, небесни настани и области во вселената на ноќното небо, а потоа, прикачете ги на Ризницата со слободна лиценца преку образецот за прикачување слики. Не заборавајте да ја дадете предлошката (погл. во правилата);
  3. Пријавете се за учество, наведувајќи ги Вашите информации преку формуларот за пријавување;

Правила за учество на натпреварот

уреди
  1. Фотографијата мора да прикажува астрономски тела, предмети, објекти, појави, небесни настани и области во вселената на ноќното небо.
  2. Фотографиите треба да бидат во оригинална големина (без компресија) и не треба да содржат дигитален жиг или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
  3. Фотографиите мора да бидат прикачени на Заедничката ризница на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да поседува корисничка сметка на Заедничката ризница. (Отворање на корисничка сметка е можно да направите и на Википедија на македонски јазик при што со истата може да пристапите и на Заедничката Ризница)
  4. Секоја прикачена фотографија мора да биде прикачена под лиценца за слободна документација: Криејтив Комонс Наведи извор 4.0.
  5. Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот: помеѓу 15 октомври 2019 во 0:00:00 часот и 15 ноември 2019 г. во 23:59:59 часот.
  6. Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник во натпреварот.
  7. Бројот на фотографии прикачени од еден автор е неограничен.
  8. Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер.
  9. Фотографијата на астрономски тела, предмети, објекти, појави, небесни настани и области во вселената на ноќното небо може да биде направена било каде, во и надвор од територијата на Македонија.
  10. Секоја подигната слика мора да ја содржи предлошката {{}} и да биде категоризирана во Category:Images from Astrophoto Contest.
  11. Сликите мора да имаат соодветен, описен наслов. Задолжително е за сликите да се додаде опис на она што е сликано (пр. името на планетата, ѕвездата, соѕвездието, астрономското тело, област во вселената)
  12. Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество преку пополнување на формуларот на оваа врска: Пријава за учество. Учесникот треба да го наведе неговото име и презиме, корисничкото име на Commons, како и е-пошта и телефонски број за контакт.