Видно поле се нарекува целосното подрачје кое го гледаме додека очите ни се фокусирани во центар или простор што едното око го ѕабележува додека погледот е насочен во една точка. Севкупно видно поле на човекот ѕависи од анатомска положба на главата, од фиѕичка состојба на очите. Видното поле се намалува при замор, оштетување на очниот нерв, тумори и др. заболувања.

Видно поле

Тестирање на видното поле

уреди

Периметријата претставува одредување на видното поле односно проучување на границите на визуелните полиња со нивната проекција врз сферична површина. Со тестирање на видното поле мериме две работи: колку далеку гледаме настрана гледајќи напред пред себе и колку е осетлив нашиот вид во различни делови на видното поле.

 
Рачна периметрија

Постојат неколку методи на тестирање на видното поле: тест на конфронтација, Голдманова периметрија и автоматска или компјутерска периметрија.

Периметријата задолжително се прави со исправка за близу ако пациентот има таква. Се испитуваат едно по едно око. Пациентот соодветно позициониран потребно е да го идентификува со притискање на тастер од апаратот секој забележан стимул, точка.

Промените во видното поле ќе бидат различни како последица на лезии на мрежницата, оптичкиот нерв, визуелните патишта и визуелните центри на мозокот.

Како резултат се добива пишан приказ од мониторинг на просторот кој може да се види кога окото е поставено да гледа нанапред, вклучувајќи ги и централниот и периферниот вид.

Нормални граници

уреди

Нормалното видно поле на човекот опфаќа околу 60 степени назално, околу 60 степени над и 75 степени под хоризинталната линија. За нормално возење потребни се приближно 60 степени од секоја страна на вертикална линија, и 20 степени над и под хоризонтална линија.[1]

Наводи

уреди
  1. Polyak, S. L. (1941). The Retina. Chicago: The University of Chicago Press.