Весна Бајалска

македонска сликарка

Весна Бајалска е македонска сликарка.

Биографија

уреди

Родена е во Белград во 1956 година. Студирала сликарство на Факултетот за применети уметности во Белград (1975-1980), а живее и работи во Париз, Франција. Од биографијата на Бајалска издвојуваме дека, иако по потекло е од Македонија, во Скопје живеела само четири години, како ученик во средно училиште. Долго време живеела во Белград, каде што ја завршила ликовната академија, а потоа заминала во Париз. Во Македонија досега имала три изложби. Една во Културно-информативниот центар во 1989 година и втората во Музејот на град Скопје во 1997 година. Со третата изложба во 2014 во галеријата на МКЦ година Весна се има претставено пред македонската публика со триесетина дела во маслена и комбинирана техника, работени во последните десет години Весна Бајалска досега има изложувано низ целиот свет.[1]

Изложби

уреди

Имала голем број самостојни изложби. Некои од позначајните се:

  • 1985. Белград, Ателје 212;
  • 1988. Париз, МААС 2000, Grand Palais;
  • 1989. Париз, Музеј Roу Adzak, Скопје, КИЦ;
  • 1990. Монтреал, Syn` art Ateliers portes ouverts, Париз, Galerie du Fleuve;
  • 1992. Париз, Galerie du Fleuve
  • 1993,1994, 1995, 1996 и 1997. Париз, Галерија Леонардо;
  • 1997. Скопје Градски музеј;
  • 2000. Париз, Галерија Леонардо;
  • 2000 и 2005. Париз, Syn` art improvisation V ( со Љубинка и Бата Михиловиќ);
  • 2002. Париз, Mairie du 13e arrondissement, Париз, Галерија Adac;
  • 2003. Париз, Бар 116, La Maison Bleue, Craon;
  • 2004. Париз, Escape AB QVO ADLQVEM;
  • 2007. Париз, Галерија Pierre Michel.

Наводи

уреди