Велшка кујна
Велшката кујна опфаќа стилови на готвење, традиции и рецепти поврзани со Велс. Иако постојат многу јадења, кои може да се сметаат за велшки поради нивните состојки и / или историја, јадења како што се кавл, велшки рербит, ливербред, велшки колачи, бара брит и колбаси Гламорган кои се сметаат како симболи на велшката храна. Постои одредена варијација во јадењата низ целата земја, со забележителни разлики кои постојат на полуостровот Гауер, историски изолирана рурална област која развила самостојност во производството на храна.