Вања Дукиќ
Вања Дукиќ е експерт за компјутерска статистика и математичка епидемиологија, која работи како професор по применета математика на Универзитетот во Колорадо, Булдер. Нејзините истражувања вклучуваат работа за користење на инернет пребарувачите машини за пристап до модели за следење на болестите, како и за ефектите од климатските промени врз ширењето на болестите.
Дукиќ се стекнала со диплома по финансии и актуарска математика на Универзитетот Брајант во 1995 година. Го завршила докторатот на Универзитетот Браун во 2001 година, под заеднички надзор на биостатистите Константин Гацонис и Џозеф Хоган. Таа работела како член на факултет во програмата за биостатистика на Одделот за Јавно Здравство на Универзитетот во Чикаго од 2001 до 2010 година, пред да се пресели во Колорадо.
Во 2015 година била избрана за член на Американската статистичка асоцијација „за важниот придонес во бајезовското моделирање на сложени процеси и анализа на Големи податоци, суштинско и колаборативно истражување кај заразните болести и климатските промени, како и услуги во професијата, вклучувајќи ја и извонредноста во редакциската работа“.