Вампирските дневници: Враќањето: Квечерина
Вампирските дневници: Враќањето: Квечерина (англиски оригинал: The Vampire Diaries: The Return: Nightfall) е петтиот дел од серијалот Вампирските дневници од американската авторка Л. Џ. Смит, за првпат објавен на 10 февруари 2009 година.
Оригиналната корица на англиски јазик | |
Автор | Л. Џ. Смит |
---|---|
Изворен наслов | The Vampire Diaries: The Return: Nightfall |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Серијал | Вампирските дневници |
Жанр | Младинско-возрасна, вампирска, хорор |
Претходна | Вампирските дневници: Мрачно соединување |
Следна | Вампирските дневници: Враќањето: Сенковити души |
Приказната
уредиПеттата книга започнува со враќањето на Елена од мртвите. Таа се враќа од загробниот живот со натприродни моќи што ја прават нејзината крв неодолива за вампирите. Стефан е решен да ја држи Елена на безбедно и сака да замине од Фелс Черч, иако на крајот не го прави тоа. Дејмон, вампир жеден за моќи каков што е тој, сака Елена да остане со него и да владее како негова принцеза на мракот.