Ваан Тотовенц
Ваан Ховханеси Тотовенц (ерменски: Վահան Թոթովենց; 1 септември 1889 - 18 јули 1938)[1] — ерменски писател, поет и активист.
Животопис
уредиВаан Тотовенц е роден во градот Мезире, во провинција на Карберд (денешна Турција). Тој живеел во Ерменија и во Истанбул, а студирал на Висконсинскиот универзитет во САД, каде дипломирал во 1915 година. Во текот на Првата светска војна бил волонтер на Кавказискиот фронт и работел како секретар на Андраник Озанијан.
По 1922 година живеел во Ереван, Советска Ерменија. Во 1938 година, Тотовенц станал жртва на Сталинизмот.[2]
Дела
уредиДелата на Тотовенц биле објавувани од 1907 година. Тој е автор на Доктор Бурбониан (1918 г.), Баталјон на смртта (1923 г.), Њујорк (1927 г.), Баку (1930-34 г.), Џонатан, син на Еремија, романи, раскази и драми. Тој имал големо влијание на ерменската литература, посебно со неговите дела Живот на стариот римски пат, автобиографскиот роман Парче од небото[3] од 1930 година, кој бил адаптиран во филм од страна на Хенрик Малиан. Неговите дела се одраз на општеството, културата и обичаите не само на Ерменците од неговото детство, но, исто така, и на нивните соседи во периодот кога Отоманското Царство била пред пропаст.[4]
Неговите дела се преведени на руски, англиски, француски, бугарски и турски јазик.
Надворешни врски
уреди- Vahan Totovents (1893-1938) Présentation de ses mémoires sur le Général Antranik (француски)
- Totovents at Amazon.com
Наводи
уреди- ↑ „Vahan Totovents - Writers.am“. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.
- ↑ „Сталинские списки“. stalin.memo.ru (руски). Архивирано од изворникот на 2019-05-03. Посетено на 2019-03-29.
- ↑ „The Official list of films by Armenfilm“. Архивирано од изворникот на 2007-10-27. Посетено на 2019-03-29.
- ↑ „A World of Books 2002: International Multicuturalism“. www.loc.gov.