Бучало
најдолгата дрвена цевка на гајдата
Бучало — најдолгата дрвена мелодиска цевка на гајдата. Составена е од три меѓусебно заглавени делови, а на едниот од нив, што влегува во гајдата, наречен пискарче, однатре е прицврстен писка од трска. Таа константно произведува еден длабок тон – бордунира, а се штима со помош на гајдарката. При затворањето на трите горни отвора на гајдарката бучалото произведува за две октави понизок тон од оној на гајдарката.
Литература
уреди- Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 98[1].
Наводи
уреди- ↑ „Бучало“. Архивирано од изворникот на 2020-08-10. Посетено на 2020-08-18.