Буплеурум (Bupleurum)
Буплеурум (Bupleurum) се вид едногодишни и повеќегодишни голи растенија т.е. локални ендемски видови растенија во Националниот парк Галичица.[1]
Опис
уредиЛистовите им се прости, целокрајни. Брактеите им се присутни, но кај некои отсуствуваат; брактеолите секогаш им се присутни. Чашката отсуствува. Венечните ливчиња се речиси исклучиво ѓолти, поретко бели или црвени, а терминалниот јазиковиден дел е свртен кон внатрешноста на цветот, до средината, па дури, речиси и до основата.
Плод
уредиПлодот е јајцевиден или долгнавест, со пет не многу јасни ребра и со појасно или послабо изразени многу тесни крилца, што кај некои тие се речиси незабележливи. Површината на плодот е мазна или брадавичеста.[1]