Будизмот во Бугарија
Будизмот во Бугарија ― мала малцинска религија во Бугарија, со околу илјада верници. Виетнамската заедница во Бугарија традиционално практикува махајански будизам заедно со обожавањето на предците, но населението на оваа заедница, која главно потекнува од Северен Виетнам, се намалила од десетици илјади пред 1990 година на околу 1.000 сега. Некои будистички верници во Бугарија се од кинеско потекло. Мал број домородни Бугари преминуваат во теравада и тибетски будизам.
Постои службено признаена бугарска будистичка организација „Карма Кагју“, која е дел од будизмот на „Дијамантскиот пат“, предводена од Кармапа Тринли Таје Дорџе. Имаат неколку центри распространети низ земјата.
Шеченскиот манастир има планински приемен центар недалеку од Софија; пристапот им е доделен на членовите и главно не е отворен за јавноста.
Наводи
уреди- Дајсецу, Сузуки и Вејн С. Јокојама. „The Prospects for Buddhism in Europe and America“. The Eastern Buddhist, кн. 39, бр. 2, Eastern Buddhist Society, 2008, стр. 69–77, http://www.jstor.org/stable/44362407 .
Дополнителна книжевност
уреди- Николова, Антоанета. „East-West Religiosity: Some Peculiarities of Religiosity of European Followers of Eastern Teachings and Practices.“. Religiosity in East and West, 2020 година, стр. 77–98, 10.1007/978-3-658-31035-6_5. Пристапено на 7 ноември 2021 година.