Британски поговорки
Ова е список на британски поговорки. Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.
Поговорки
уреди- Времето е пари!
- Вистински човек - на вистинско место!
- Денот што доаѓа ни се чини подолг од годината што минува.
- Живот без радост е како петролејна ламба без петролеј.
- Заштедените пари се заработени пари.
- Кој толкупати те измамил, колку што ти самиот себеси си се измамил?
- Кучето и мачката можат да се бакнат, но тие нема да станат подобри пријатели.
- Мојата куќа е моја тврдина.
- Одморот е само за мртвите.
- Она што последно ќе се каже, не значи дека е најзначајно.
- Полека, ако сакаш побрзо да стигнеш дома!
- Полесно е да најдеш дупки, отколку да ги закрпиш
- Пријателот се губи побргу од што се стекнува.
- Сите девојки се прекрасни! Тогаш, по ѓаволите, од каде се појавуваат пред нас толку неподносливи сопруги!?
- Сите работи се тешки пред да станат лесни.
- Умните луѓе учат од туѓите грешки; глупавите од сопствените
- Чизмите на ѓаволот не чкрипат.