Бране Стефановски

Бране Стефановски (роден 30 јуни 1955 година во Битола) — македонски новинар.

Животопис уреди

Бране Стефановски е роден 30 јуни 1955 година во Битола. Истата година семејството се преселува во Скопје, па целото образование го стекнува во главниот град.

Првото вработување (1977-1985 г) - член на хорот на Македонската опера, паралелно член на хорот на Македонската радио-телевизија.

Дипломирал на Факултетот за интердисциплинарни студии по ноивнарство (политиколошка насока).

На почетокот на 1985 година се јавува во Македонската телевизија во време кога куќата бара млади новинари за формирање на редакцијата Скопска програма. По девет месеци хонорарна работа добива редовно вработување.

Позиции:

1985 – 2003 во МТВ

• Водител на „Скопската програма“

• Уредник и водител на контактно-рекреативната програма „Добро утро, добар ден“

• Уредник и водител на ТВ-дневникот

• Уредник на Економската редакција во состваот на Дневната редакција на МТВ

• Уредник и водител на голем број дебатни емисии во живо од областа на економијата ( во МТВ вкупно 800 емисии во живо со термини од еден до два и пол часа)

• Шеф на новинарски пулови за време на избори

• Автор на неколку документарни филмови, од кои два емитувани на ЈРТ („Крушево меѓу историјата и иднината“ и „Нашите градежници во Либија“)

• Известувач од политички и бизнис патувања на наши официјални делегации во странство, како од посетата на претседателот Борис Трајковски на Германија, на Саво Климовски на Тајван, на министри по разни поводи, во разни земји

2003- 2005 во ТВ Сител

• Уредник на Економската редакција

• Уредник и водител на економскиот блок во Дневникот

2005 април – септември во ТВ 4

• Уредник на Економската редакција и дирекор на Телевизијата

• Автор и водител на емисијата ЕКО-ЕКО, циклус од 10 емисии во живо

2005 мај – 2006 декември

• Порпарол на ЕЛЕМ (пред поделбата на целто ЕСМ)

2007 и 2008

• Портпарол на холдингот ПИКОН

2009 до 2011 во ТВ Скајнет

• Автор и водител на емисијата „Паричник“, емисија од областа на економијата.

2011 – 2013

· Главен и одговорен уредник на дневниот весник „ДЕН“

2013 до 2019

· Уредник на Дневната редакција на ТВ Сонце, водител на Дневникот и автор и водител на емисјата „Паричник“

Превод на книгатаГодината минува, денот никогаш“ на Жарко Лаушевиќ, од српски на македонски јазик.

Од 2005 дописник на австралиското државно радио (редакција на Македонски јазик) SBS

Од 2019 пензионер