Битолски новини
„Битолски новини“ („Битољске новине“) — српски весник што се издавал во Битола од 1913 година, откако градот паднал во рацете на Србија по Меѓусојузничката војна.
Уредник | Јоханан Мандил |
---|---|
Основан | 1913 |
Јазик | српски |
Весникот бил првиот српски весник во областа. Уредник на весникот бил Јоханан Мандил, а помошник Самуил Алкалај. Весникот престанал да излегува во 1915 година, кога Вардарска Македонија била окупирана од бугарските трупи за време на Првата светска војна.[1] По војната, весникот бил обновен.
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 164. ISBN 978-608-203-023-4.