Битолски крст од XIX век

Битолски крст од XIX век е христијански крст изработен со копаничарска техника. Изработен бил во 19 век, од дрво, со димензии 4,8 х 3,3 см. Крстот е изработен со исклучителни стилизирани линии и елементи. На едната страна е Распетие, а на другата, во една слободна и смело изведена композиција се прикажани неколку фигури на ангели. Крстот поседува уметнички вредности кои најмногу се забележуваат во ликовната постапка која е професионална, без никаква наивност, па дури и целосно поддржување на каноните. Мајсторот бил растоварен од низата ограничувања, при што создал уметничко дело од сакрален вид кое може слободно да се најде во витрините на истакнати музеи како извонреден примерок на копаничарската уметност на Балканот. Денес овој крст се наоѓа во Музејот на применетата уметност во Белград[1].

Наводи

уреди
  1. Бојана Радојковиќ - „Ситната пластика во старата српска уметност“, Издавачки завод Југославија, Белград, 1977/ Ситната пластика