Битка на Неретва

(Пренасочено од Битката на Неретва)

Битката на Неретва или Битката за ранетите е назив за четвртата непријателска офанзива на НОВЈ. Тоа е назив во поширока смисла за непријателските операции Вајс 1 и Вајс 2, операции на силите на Германците за уништување на НОВЈ во содејство со Италијанците, усташите, домобраните и четниците, како и офанзивата на НОВЈ во сливот на Неретва и потоа во источна Херцеговина во периодот од 20 јануари до 1 април 1943 година.

Во потесна смисла називот се однесува на дел од операцијата Вајс 2, кој ја зафатил главната оперативна група на Врховниот штаб, настапување на силите на Оската против НОВЈ во Херцеговина и Офанзивата НОВЈ во областа на Неретва. Еден од исто така вообичаените називи е битка за ранетите, бидејќи поради склоп на околности Главната оперативна група на Врховниот штаб на НОВЈ била принудена со себе да ја носи и централната болница, што довело до низа драматични битки за спас на ранетите. Уште за време на траењето на битката на Уна на 06.02.1943 година седмата и деветтата партизанска дивизија започнале движење према Неретва. Втортата пролетерска дивизија и четвртата далматинска бригада го зазеле Посушје истиот ден, а веќе следниот ден Имотски. Истата групација го продолжила движењето према Неретва, наидувајќи попатно на спорадичен отпор, а на 16.02.1943 година избила на потегот Дрежница-Грабовица. Единиците на втората пролетерска и втората далматинска бригада тргнале по западниот брег на север према Јабланица, која е освоена на 22.02.1943 година. Единиците на третата пролетерска дивизија го зазеле Прозор после дводневна борба со италијанската дивизија Мурге. Ден подоцна освоен е Осторжец, а Рама паднала на 20.02.1943 година. Прват пролетерска бригада на Првата пролетерска дивизија го зазела Иван Седло на 18.02.1943 г. додека остатокот од дивизијата го очистил остатокот од сите непријателски упоришта помеѓу Иван Седло и Коњиц. Единствениот солиден колски пат водел низ Коњиц, па затоа било планирано Главната болница да се транспортира низ тој град. Во Коњиц партизаните наишле на јак отпор на германскте сили па успеале да заземат само дел од градот на западната страна на Неретва. Сите обиде за заземање на мостот биле угушени во крв. Во кординиран удар према Неретва дивизијата Мурге изгубила една комплетна регимента додека другата регимента била растерана, па Мурге престанала да функционире како дивизија. Партизаните заробиле 12 тенкови, 36 топови, стотина автомати и преку 1 000 пушки. Патот преку Неретва бил фактички отворен, но требало да се причека болничкиот транспорт кој дури на 19 февруари вечерта го напустил Дуванското поле и тргнал према Прозорската котлина. За тоа време продолжиле борбите на северниот дел на боиштето. Германскиот генерал Лутерс на 12.02.1943 година издал заповед за почеток на операцијата Вајс 2. Како помош на германскиот напад Лутерс ја ангажирал италијанската дивизија Бергамо, зајакната со усташки сили, кои требало да надираат од Сињ премаЛивно, односно од Дрниш до Врлица. Две четнички бригади од Вајс 1 добиле задача да го чистат теренот северно од Книн. Операцијата према планот требало да трае од 25.02-20.03.1943 година. Молскавичниот партизански напад на Неретва ги испанилил Италијанците. Единиците на шестиот италијански корпус со главна база во Мостар ги напуштиле сите помали упоришта околу Широк брег оневозможувајќи ја германската експлоатација на боксит во тоа подрачје. Го викнале и Дража Михајловиќ заповедувајќи му да го собере својот ударен четнички корпус. Околу 7 000 четници се собирало источно од Неретва, додека нивните истурени единици брзале према реката. Со цел за воспостевување на повторна експлоатација на боксит Лутерс ги пратил 718 дивизија со усташката борбена група Бугојно и делови на втората домобранска горска единица према Мостар. Еден дел од 718 дивизија и групата Бугојно се движел по патот Бугојно-Прозор-Рама а другиот дел на дивизијата и домобранска горска единица напредувале на патот Сарајево-Коњиц. Италијанците од Мостар пратиле комбинирани четничкп-италијански колони на западниот брег на Наеретва а една четничка група на источниот брег на Неретва. Тие сили требало со германците да се поврзат во Јабланица и да го затворат обрачот. Всушност операцијата Вајс 2 содржела две различни операции. Првата операција била напад према Ливно , кој го изведувале германски сили ( 7-та СС дивизија, 369-та дивизија и 717-та дивизија), дивизијата Бергамо и две четнички летечки бригади. Втората операција била концентрично напредување према триаголникот Коњиц-Јабланица-Прозор, а го изведувале 718-та дивизија, втараата домобранска горска единица, усташката бојна група Бугојно, четничкиот ударен корпус и италијанскиот 6-ти корпус.

Операција на свиокот на Неретва

уреди

Западната група на 718-та дивизија и втората домобранска горска единица започнале напад на Горњи Вакуф на 21.02.1943 година. До вечерта на 23.02 гратчето било под контрола на силите на Оската кои продолжиле да напредуваат према југ-на Прозор. Помеѓу Горњи Вакуф и Прозор патот го затвориле партизаните, поточно 7-та дивизија и третата краишка бригада. Со оглед на тоа дека германско-домобранската групација не успевале да се пробијат, како појачување во Горњи Вакуф е испратена и главнината на 717-та германска дивизија. После тоа настапува неформално четиридневно примирје, колку што и требало на 717-та дивизија да дојде на борбената положба. Силите на Оската го обновиле напредувањето према Горњи Вакуф на 27.02.1943 година. Германскиот напад на Ливно бил ослабен од 717-та дивизија за 30 % и така целата тежина на задачата паднала на 369-та и 7-та СС дивизија. Италијанските и четничките сили служеле како поддршка и затоа германците не очекувале нивен придонес во поголем обем. Партизаните четиридневното примирје на горњовакуфското боиште го искористиле за нов обид за освојување на Коњиц. Ноќта помеѓу 19-ти и 20 февруари Првата пролетерска бригада успеала да го заземе мостот и да префрли две чети на источниот брег на Неретва, но петтата Црногорска бригада закаснила со својот напад на источниот дел, па префрлените чети претрпеле губитоци и биле принудени на повлекување. По овој неуспех првата пролетерска бригада добила наредба да заземе положба на Иван Седло и да се поврзи со третата Санџачка бригада. Тоа било во последен момент бидејќи на 21.02.1943 година Германците од север ја нападнале партизанската одбрана на Иван Седло. После еднодневна борба пртизаните биле принудени да се повлечат така да Германците и усташите го зазеле градот и почнале да напредуваат према Коњиц. Успесите на германската војска ги довела партизаните во незавидна положба. Непријателот напаѓал од север, запад и југ а четниците во секој момент можеле да го затворат преминот преку Неретва од истичната страна. За да ја подобрат ситуацијата партизаните извршиле противнапад на Коњиц, го изолирале непријателскиот гарнизон кој бил таму, го заобиколиле од запад и продолжиле према Иван Седло. Германците го запреле партизанскиот противнапад јужно од Иван Седло и пробале да го обноват своето напредување. Единиците на НОВЈ ги задржале Германците до 27.02.1943 г. кога биле присилени да започнат со повлекување. Силите на Оската на 27 февруари го обновиле нападот на потегот Горњи Вакуф-Прозор. Партизаните биле отфрлени со јак удар, па бил извесен и падот на Прозор, што би значело затворање на отстапницата на Главната болница и смрт за 4000 ранети и тифусари. За да ја тргне таа опасност Тито ги испратил првата и втората (без втората далматинска бригада) пролетерска дивизија во противнапад. Покрај тоа Тито наредил и рушење на сите мостови на Неретва и тоа заради две причини. Првата била спречување на четничкиот удар од источниот брег на Неретва, а втората да се доведат Германците во заблуда за вистинските намери на НОВЈ. На 2 март Германците тргнале во напад на партизанските позиции северно од Горњи Вакуф во Вилича Гумно. Истовремено во барбата се вклучила и четвртата пролетерска бригада која Германците ги принудила да се вратат назад на гребенот Радуша Планина. Сеопштиот противнапад на силите на НОВЈ на Горњо Вакуфското боиште запчнал на 03.03.1943 година. Партизаните се обиделе да ги нападнат крилата на германската војска, но неуспешно бидејќи Германците отстапиле недопуштајќи им на партизаните да ја опколат нивната главница. Борбите се воделе до 05.03.1943 година кога Германците биле одбиени на пола пат помеѓу Бугојно и Горњи Вакуф. Иако оперативниот план за опколување на германско-усташките сили не успеал, непријателот бил одбиен а патот низ Прозор бил безбеден. Освен тоа тој противнапад комбиниран со рушењето на мостовите во потполност ги залажал Германците кои заклучиле дека Тито се обидува да се врати на северозапад како би се поврзал со првиот Басански и првиот Хрватски корпус, кои ја продолжиле борбата во позадината на Германското напредување. Германскиот напад на Ливно започнал на 25.02.1943 година. Одбраната на првиот Босански корпус била брзо прегазена па Германците влегле во Ливно на 05.03.1947 година. Истиот ден Германскиот генерал Лохер заклучил дека тежиштето на битката е во долината на Неретва и дека Тито нема намера да се враќа во Северозападна Босна, односно Хрватска. До тој заклучок дошол после поразот кај Вилич Гумно. За да ја исправат грешката Германците одлучиледа ја испратат 7-та СС дивизија према Мостар, а 369-та дивизија према Прозор. Германците дошле до заклучок дека со уфрлување на тие две дивизии ќе го променат текон на битката во нивна корист. Меѓутоа проблемите почнале со нивните италијански сојузници, кои почнале да протестираат заради движењето на 7-та СС и 369-та дивизија, бидејќи им ускратиле дозвола за влез во подрачјето богато со боксит кое се наоѓало во Италијанската окупациона зона. Поради времето што го потрошиле на договарање со Италијанците Германците закасниле за пресметка со НОВЈ во долината на Неретва.

Пробив во Источна Херцеговина

уреди

По успешниот противнапад на Горњи Вакуф партизаните морале да започнат форсирање на Неретва. Наредбата била издадена на 05.03.1943 година а оперативните задачи биле разделени на следниот начин: 1. Втората пролетерска дивизија требало да ја премине Неретва преку импровизираниот мост кај Јабланица, Да ги уништи четниците и Да напредува према Борци-Чичево-Калинивиќ 2. Третата пролетерска дивизија требало да ја нападне 718-та германска дивизија и да ја одбие према Коњиц, Да ја форсира реката кај Острожац и Да го осигура левото крило против германскиот гарнизон во Коњиц. 3. Седмата Бановинска и 9-тата далматинска дивизија требало да го осигураат левото (јужно) крило 4. Првата пролетерска дивизија требало да ја организира позадината и повлекувањето на патот Горњи Вакуф-Прозор-Јабланица.

Втората далматинска бригада била прва која ја преминала Неретва во ноќта помеѓу 06 и 7 март 1943 година. Бомбашите доброволци неприметно се приближиле на четниците и во раните утрински часови и ги уништила. Втората далматинска бригада тргнала према Исток уништувајќи ги четниците на кои наидувала. На западниот брег партизанскиот фронт се одвивал по планот. Сите партизански сили ја преминувале реката и ги заземале своите места штитејќи го транспортот на Главната болница. Последна единица која ја преминале Неретва на 15.03.1943 година била третата краишка бригада. До тој датум втората пролетрска дивизија веќе стигнала до Чичево. Помеѓу Чичево и Калиниќ четниците ги држеле своите најелитни сили за конечно да се пресметаат со партизаните. На втората пролетерска дивизија и се приклучила и првата пролетерска бригада и тие единици го нападнале четничкиот ударен корпус, нанесувајќи му го најтешкиот пораз. После тој пораз четниците не претставувале никаква сила во војничка смисла. По доаѓањето на Неретва Германците заклучиле дека операцијата Вајс е неуспешно завршена. Иако со големи човечки загуби, Битката на Неретва е завршена со јасна победа на НОВЈ, која успеала да ја оствари суштината на својот оперативен план и притоа да ја зачува Централната болница. Германците постигнале делумен успех бидејќи успеале да ја запоседнат територијата и комуникациите северозападно од Неретва, а делумен неуспех бидејќи не успеале да ја разбијат НОВЈ. Во текот на двомесечните борби најголеми губитници биле четниците, чија најголема дотогашна концентрација била поразена и разбиена од страна на НОВЈ, па Италијанците кои претрпеле тешки губитоци и биле принудени да ја препуштат одбраната на мостарската област на Германците.