Бирифицио Анџело Порети

Бирифицио Анџело Порети е италијанска компанија за производство на пиво. Таа се наоѓа во Варезе.

Пиварницата била основана во 1877 година од страна на Анџело Порети во Индуно Олона. Во 1939 година, компанијата била купена од страна на семејството Басети, кое било сопственик на пиварницата Сплуген во Кјавена. Во 1982 година, групацијата Карлсберг купила 50 проценти од акциите од компанијата, а во 1998 година следеле дополнителни 25 проценти. Во 2002 година, данската групација ги стекнала преостанатите 25 проценти и со тоа добиле целосна сопственост на компанијата од Индуно Олона.

Надворешни врски уреди