Библиофилија
Библиофилија или библиофилизам е љубов кон книгите. Според тоа библиофил е човек кој ги сака книгите, поради нивната содржина или затоа што сака да чита.
Профил и употреба на зборот
уредиКласичниот библиофил е оној кој сака да чита, ги обожава и ги собира книгите, и често поседува големи или специјализирани колекции од книги. Библиофилите не мора да ја поседуваат книгата која ја сакаат.
Зборот библиофилија не смее да се меша со библиоманија, односно собирање на книги до точка кога социјалниот живот, па дури и здравјето се оштетуваат, што се смета за болест. Библиоманот сака да ги поседува сите книги, без разлика на нивната содржина.
Историја
уредиСпоред Артур Минтерс, собирањето на приватни колекции од книги било мода уште во Стариот Рим. Многумина учени од тоа време поседувале свои приватни библиотеки, вклучувајќи го и Цицерон на пример.[1]
Наводи
уреди- ↑ Minters, Arthur H. (1979). Collecting Books for Fun and Profit. New York: Arco Publishing Inc. ISBN 0-668-04598-1.
Литература
уреди- Merriam-Webster's Collegiate Dictionary 10th ed. Springfield, Mass: Merriam-Webster, Inc. 1996. ISBN 0-87779-709-9.
Надворешни врски
уредиВидете библиофилија во Викиречник, слободниот речник. |
- Forbes article on bibliomania by Finn-Olaf Jones, December 12, 2005 Архивирано на 14 септември 2007 г.