Бејлиеви скали за ментален и моторен развој

Бејлиевите скали за ментален и моторен развој претставуваат опсежен развоен психодијагностички инструмент наменет за деца на возраст од два до триесет месеци. Ги развила Ненси Бејли, американски развоен психолог.

Тестирањето трае отприлика 45 минути при што се мерат реакциите на детето на серија од дразби.

Потскалата за ментален развој го мери интелектуалното функционирање преку проценка на меморијата, учењето, способноста за решавање проблеми како и вештините за вербална комуникација. Потскалата за моторен развој ја проценува способноста на детето да седи, да стои, да изведува движења кои бараат ангажирање на големите мускулни групи, но и одредени фини движења со рацете и прстите. Третата потскала го евалуира социјалниот и емоционалниот развој на детето преку стандардизиран опис на неговото поведение за време на тестирањето. Добиените резултати се споредуваат со претходно утврдени норми за 14 различни возрасни групи.

Бејлиевите скали се користат за да се утврди дали детето се развива нормално како и да се постави рана дијагноза доколку постои некакво развојно заостанување по што детето се вклучува во специјализирани програми за унапредување на развојните аспекти каде се јавиле отстапки. Скалите може да се користат и за евалуирање на ефикасноста на истите тие програми. Во поново време, Бејлиевите скали се користат и за усохласување на потребите што ги имаат децата со ризик и законските права што им следуваат за добивање соодветни тераписки услуги.

Користена литература

уреди
  • Strickland, B. (Ed.) (2001) The Gale Encyclopedia of Psychology, 2nd ed. Gale Group ISBN 0-7876-4786-1