Бесконечна војна (италијански: La Guerra Infinita, српски: Бесконачни рат) е телевизиски документарец од италијанскиот новинар Рикардо Јакон, кој бил емитуван на италијанската телевизија РАИ, а во февруари 2010 бил исто така емитуван и на Радио Телевизија Србија. Овој документарец постигнал огромна популарност во Србија и бил гледан од 2,5 милиони луѓе.

Документарецот е поделен на два дела. Во првиот дел новинарот истражува кој е терористот кој ја подметнал бомбата под автобусот на Ниш експрес, како пред една недела гинеле сведоците во случајот против Рамуш Харадинај и како неговата фамилија од дуќан во Дечани стигнала до високо раскошен дворец. Понатаму овој документарец се занимава со прашањето зошто Хашим Тачи го викаат змија.

Бесконечна војна е снимен девет години по бомбардирањето на СРЈ од страна на НАТО, и е емитуван во 2008 година на италијанската телевизија РАИ 3, и директно дава одговори на прашањата зошто прогонетите Срби не можат да се вратат во своите домови, и како Косово во присуство на власта во Приштина и меѓународните сили на КФОР наместо најмлада демократија на Балканот станало рај за дилерите со дрога, а некогашните водачи, инспиратори и организатори на продолженото насилство кон останатите неaлбанци, но и кон своите сонародници кои се противеле на нивното неконтролирано стекнување на богатства и политичка моќ.

Вториот дел од документарецот ја посетува Македонија, и се состои од интервјуа со водачите на Исламската верска заедница, локалните Албанци во селото Бродец кои ги бранат терористите, и вооружените Албанци над тоа село. Подоцна овој италијански новинар ја посетува и Турција, каде што кажува дека преку неа поминува главниот пат кон Косово за дрогата и мафијата. На крајот овој документарец завршува со фактот дека има 9 години од страна на НАТО-вата присутност во Авганистан, но има сè повеќе убиени војници, развојот на наркоманијата е во пораст, а сето ова се прави пред носот на НАТО.

Прв дел

уреди

Првиот дел од овој документарец бил наречен: „Косово, девет години потоа“. На новинарот му одзело една година за да ги посети сите места, подготвувања, којшто посетил пет држави - Косово, Македонија, Турција и Авганистан и три часа со репорти кои беа емитувани на РАИ 3 во септември.

Рикардо Јакон ги реконструира етничките чистења кон Косововарите, кои биле жртви на етничките Срби. Од 1999 година, кога НАТО ја победи војната против Србија и заедно со ОН поставија контрола на Косово, 250.000 Срби беа избркани од Косово поради етничка омраза. Нивните домови биле изгорени, нивните имоти уништени, нивните цркви исто така биле уништени, дури и најстарите и најценетите, сите тие 1.300 цркви и манастири, нивните гробови биле испишани и вандализирани, што автоматски значело бришење на сè што било српско во Косово, т.е. бришење на српската историја која броела стотици години на Косово и давањето до знаење дека Србите не можат да се вратат во своите огништа.

Иако НАТО е присутен во Косово, вооружените групи на Албанците имплементираа систематско етничко чистење кое Европа не го преживеала од времето на Втората светска војна, уништувајќи сè што било дел и идеја за мултиетничка држава, и сето тоа било поттик за Натовото бомбардирање на СРЈ. Но има и повеќе: Косово стана центар за дрога која патува кон западна Европа, и овој тренд се зголемува, иако има присуство на НАТО и ОН, Косово е претворено во една мала Колумбија, нарко-држава во срцето на Европа.

80 проценти од целата дрога произведена во Авганистан за Европа поминува низ долините и планините во ослободеното Косово. Големото богатство со преносот на дрога направија внатре во Косово да се појават кланови од косовски Албанци кои се способни да ги отрујат длабоките партии кои сега го водат Косово, при тоа претставувајќи голем знак на прашање за демократската природа на новата нарко-држава Република Косово, која беше призната од извесен број на западноевропски држави.

Но отворените канали на дрога и оружје кои НАТО не успеа да ги затвори во овие девет години се оние кои поминуваат со помош на меѓународниот тероризам и радикалниот исламизам.

Тривијални податоци

уреди

Новинарот Рикардо Јакон, е одликуван со награда за новинарска храброст "Милан Паниќ" за неговиот документарен филм "Бесконечна војна" во Србија.[1].

Надворешни врски

уреди
  1. Jakoni nagrada za novinarsku hrabrost, Радио Телевизија Србија